Утрински Весник
Македонија

Одлуката за Груби предизвика бурни реакции, вината се префрла кон обвинителството?!

Minimal night traffic freeway crossroad album cover facebook gonderisi 1.jpg

Откако судија на претходна постапка вечерва му одреди куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби, во јавноста се појавија бројни реакции насочени кон судот. Сепак, според законската процедура, одговорноста за изборот на мерката во овој случај произлегува од предлогот на Јавното обвинителство, кое побарало поблага мерка, а судот нема право да изрече построга мерка од онаа што ја предлага обвинителството.

Од Кривичниот суд информираа дека во текот на денот одбраната на осомничениот доставила предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор. Предлогот бил проследен до надлежното Јавно обвинителство, кое дало позитивно мислење.


„Со оглед дека Јавното обвинителство ја води истрагата и согласно законските овластувања оценува која мерка е соодветна за непречено водење на постапката, обвинителството писмено достави позитивно мислење, а и на самата расправа јавниот обвинител предложи определување поблага мерка“, соопштија од судот.

По сослушувањето на осомничениот во присуство на неговиот бранител, судот донел решение притворот да биде заменет со куќен притвор со 24-часовен надзор, кој ќе го спроведува Министерството за внатрешни работи. Дополнително, изречени се и мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нов документ за преминување на државната граница.

Како што објави „Фокус“, предметен обвинител во случајот е Даниел Коцев, додека негов претпоставен е обвинителот Анел Фидоски, кој неодамна беше избран за раководител на најголемото обвинителство во државата.

Одлуката веќе предизвика политички и јавни реакции, при што дел од коментарите се насочени кон судот, иако според важечката законска рамка, конечната мерка во вакви случаи е директно условена од предлогот на обвинителството.

Можете да прочитате

Поднесена кривична против битолчанец – пронајдена е дрога

Голем одрон после Катланово – 24info.mk

Ристоска : Државниот обвинител мора да им служи на граѓаните, а не на политиката