Утрински Весник
Македонија

Одлука за „Транспортер“: Талески останува во затвор, пресудата важи, аболицијата – не

Одлука за „Транспортер“: Талески останува во затвор, пресудата важи, аболицијата – не

Врховниот суд смета дека пресудата за „Транспортер“, во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески, доби затворска казна и таа е законски изречена. Аболицијата дадена од експретседателот Ѓорге Иванов не ги опфаќа осудените.

dobivaj vesti na viber

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23, со која барањата на осудените В. Т. и С. Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, КОК бр. 30/17, од 31.3.2020 година, и пресудата на Апелациониот суд Скопје, КОКЖ бр. 70/20, од 8.4.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ. Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, КОК бр. 30/17, од 31.3.2020 година, и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр. 70/20, од 8.4.2022 година, го отфрли како недозволено“, вели Врховниот суд.

Можете да прочитате

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група