Вчера на 14.10.2022 беше завршен затворен Фестивалот со премиера на претставата Секс и лаги, на кумановскиот театар, по што жири комисијата ги донесе одлуките за нагрдените.
После 24 години за прв пат се воведуваат и награди од национално ниво на Фестивалот кој е единствен од таков ранг во нашава држава, истакна организаторот.
Истиот е Финасиран од Министерство за култура и од Општина Куманово.
Притоа жирито на Денови на комедија Куманово 2022 во состав: Претседателка: Магдалена Ризова Черних (актерка) и членови на жирито: Драгана Таневска (режисерка), Илија Струмениковски (актер), Петар Андоновски (писател), и Крсто Богојевски (сценограф) ги донесе следниве одлуки и награди:
Најдобра актерка – Горица Поповиќ (за улогата на Флоренс Фостер Џенкинс во претставата „Славна Флоренс“) Атеље 212 – Белград, Република Србија;
Најдобар актер – Димитар Ѓорѓиевски (за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ) Театар Прилеп;
Најдобра сценографија – Илина Ангеловска (сценографија во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ) Театар Прилеп;
Најдобра костимографија – Кирил Наумов („Службогонци“) Драматичен Театар Ловеч, Република Бугарија;
Најдобра режија – Коле Ангеловски (режија за претставата „Паника во хотел Палас“) Театар Струмица;
Најдобра претстава – „Секс и лаги“ Театар Куманово
Образложенијата за одлуките ќе бидат објавени дополнително и при доделување на наградите на ансамблите и на добитниците на наградите.