Утрински Весник
Македонија

ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре 

20240508122112 Big 730x400 75.webp.webp
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите има повеќе од 300 набљудувачи на гласачки места низ државава за следење на процесот на вториот круг од Претседателските избори и на Парламентарните избори.

Pet Utrinski

Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР, по посета на гласачко место во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, изјави дека заклучоците ќе ги соопштат откако ќе ги добијат резултатите од нивните набљудувачи распоредени низ државава и дека мисијата ОДИХР ги оценува изборите во согласност со меѓународните обврски и домашното законодавство.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

-Избирачкото место каде што сме утрово е секако само едно од многуте во земјава. Ќе ги разгледаме другите резултати како што пристигнуваат од целата земја, а потоа ќе ги донесеме нашите заклучоци базирани на набљудувањата кои ни се обезбедени од нашите многубројни набљудувачи, изјави Стирк.

Првичните резултати од набљудувањето мисијата ќе ги соопшти утре во 15 часот во х. „Александар палас“.

Претставничката на ОДИХР со нејзиниот тим е во Скопје од 20 март и, како што рече,  имаат и долгорочни набљудувачи распоредени низ целата земја на девет различни локации следејќи ги сите аспекти во подготовките за овие избори.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија