Утрински Весник
Магазин

Џоди Тарнер Смит пристигна во Венеција со стил

Џоди Тарнер Смит пристигна во Венеција со стил

Првите впечатоци се сè, и, ако вашето пристигнување на гламурозен настан како што е филмскиот фестивал во Венеција , треба да биде забележано од камерите, никој тоа не го прави како Џоди Тарнер Смит

dobivaj vesti na viber

Во пресрет на отворањето на фестивалот, Џоди ги привлече фотографите и веднаш се најде на насловните страници на таблоидите, облечена  во омбре костим со доминантна боја на праска.

Британската актерка во средата буквално вплови во италијанскиот град, домаќин  на меѓународниот филмски фестивал, каде ќе го промовира филмот на „Нетфликс“ White Noise („Белата врева“).

Во режија на Ноа Баумбах, во филмот глумат и Адам Драјвер, Андре 3000 и Грета Гервиг. Филмот е прва продукција на „Нетфликс“ што некогаш била премиерно прикажана на венецискиот филмски фестивал.

Тарнер-Смит на себе има совршен костум од праска-омбре шифон од француската луксузна модна куќа „Казабланка“.

Креацијата се прелева во неколку бои – од розово, во портокалово, во крем. Тарнер-Смит носи сандали од Џими Чу и слоевити сребрени ѓердани, а во раце има не една, туку две чанти „Гучи“, а секако и очила за сонце од истиот бренд.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста