Утрински Весник
Македонија

Одбележување на Светскиот метеоролошки ден

Vreme 1.webp.webp

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска ќе го одбележи 23 Март – Светскиот метеоролошки ден, кој секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација (СМО). Одбележувањето во кое УХМР се вклучува како рамноправен партнер во борбата за справување со глобалните климатски промени и опасните временски појави, годинава е на тема „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“.

По тој повод, како што посочуваат од УХМР, во пораката на генералниот секретар на СМО се нагласува значајната улога на Националните хидрометеоролошки служби.


-Систематското следење на времето, климата и водата, прецизните мерења и квалитетните податоци се основа на системите за рано предупредување и климатски услуги што спасуваат животи, ги намалуваат штетите и ја поддржуваат долгорочната отпорност на општеството, велат од УХМР.

Нагласуваат дека континуирани и организирани мерења започнуваат во 1947 година кога со одлука за основање на Хидрометеоролошка служба во Република Македонија е воспоставена мрежа на метеоролошки и хидролошки станици. Денес, милиони набљудувања и мерења се собираат низ целиот свет од страна на илјадници копнени станици за набљудување, океански пловки, бродови, авиони и сателити како дел од Светскиот интегриран глобален систем за набљудувања на СМО (WIGOS -World Integrated Global Observing System and WHOS World Hydrological Observing System). Во овие Светски интегрирани глобални системи секојдневно придонесува и УХМР преку мерењата и набљудувањата на Националната метеоролошка и хидролошка мрежа.

-Во време на се почести и интензивни суши, топлотни бранови, бури и поплави, сигурните метеоролошки и хидролошки податоци директно придонесуваат за заштитата на граѓаните и стабилното функционирање на системите за транспорт, енергетика, земјоделство, управување со водите и цивилна заштита. Ваквите информации овозможуваат навремено дејствување и значително намалување на ризиците и штетите врз луѓето, имотот и инфраструктурата, потенцираат од УХМР.

Можете да прочитате

Иницијатива на „Охрид SOS“  за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј Бунар

Променливо облачно со повремен дожд

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следуваат локални врнежи, на планините снег