Утрински Весник
Македонија

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

Crven krst.webp.webp

По повод Светскиот ден на волонтерството повеќе пратеници, вклучувајќи го и претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ќе се приклучат и ќе волонтираат на неколку пунктови на Црвениот крст на РСМ.

Најнапред пратениците ќе ја посетат централна канцеларија на Црвен крст на РСМ, а по поздравно обраќање на претседател на Црвен крст на РСМ, Ромел Велев ќе бидат трансферирани до работни позиции за волонтирање на територија на град Скопје.

Тие ќе волонтираат во Дневен центар за лица со посебни потреби – Пролет; во Нега Центар; во Центар за прва помош; во Дневен Центар за активно стареење — Даре Џамбаз; во Дневен Центар за активно стареење – Чаир; во Центар за доброволно дарување крв— Даре Џамбаз; во Центар Копче; во Пункт за бездомници Момин Поток; како и во Логистички центар Момин Поток.

Според агендата, во Малиот свечен салон во Парламентот поздравни обраќања ќе има претседателот на Собранието, Африм Гаши и генерален секретар на Црвен крст на РСМ, Саит Саити.

Потоа ќе бидат доделени благодарници на сите волонтери вклучени во операцијата за помош и поддршка на настраданото население во Кочани, а ќе биде потпишувана парламентарна декларација за поддршка на волонтерството.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец