Утрински Весник
Македонија

Облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени

Vreme 4.webp.webp

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови од државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според прогнозата на УХМР, во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Можете да прочитате

СДСМ: МНР призна дека има преговори – само што се „тајни” за гласачите на ВМРО

Работник загинал при нелегална сеча на дрвја

Уште колку жртви и аларми им требаат на инстутуциите за да го сопрат „Дурмо турс” прашува Левица