Утрински Весник
Македонија

Одбележување на Меѓународниот ден на човековите права и Европскиот ден на правдата

People.webp.webp

Во Скопје денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на човековите права и Европскиот ден на правдата.

Настанот се организира со поддршка на Советот на Европа во рамките на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ кој е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заеднички проект на ЕУ/Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.


Како што информираат од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, на настанот ќе се обратат министерот за правда Игор Филков, Лилја Гретарсдоттир, раководителка на Одделот за примена на човекови права, правда и стандарди за правна соработка во Совет на Европа и заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Бен Нупнау.

Во рамки на настанот ќе бидат прогласени и победниците на натпреварот во фотографии и цртежи „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките“, кој што беше објавен на 25 октомври 2024 по повод Европскиот ден на правдата и ќе бидат изложени најдобрите дела од натпреварувачите.

Можете да прочитате

Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“

Панел-дискусија „To be or not to be… студент во Македонија?“

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС