Утрински Весник
Македонија

Одбележување на Денот на Логистичка база

Arm.webp.webp

Со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одбележи Денот на Логистичка база.

На свеченоста на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други гости.

Денот на единицата, согласно програмата, ќе се одбележи со пригодни обраќања и доделување на стимулативни мерки за припадници на единицата.

Логистичката база го прославува 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година почнало Разловечкото востание и првите логистички подготовки за отпочнување на истото.

Можете да прочитате

Подрум во Аеродром претворен во скривалиште за дрога

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата

Скандал на македонско-албанската граница: Со дипломатски пасоши чекале еден час, па биле вратени