Утрински Весник
Македонија

Одбележување на 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството

20241204171238 Big 730x400 85.webp.webp
Dik 300x250 mk

Црвениот крст на Република Северна Македонија со пригоден настан ќе го одбележи 5 декември, Светскиот ден на волонтерството, ден посветен на признавање на несебичната посветеност и придонес на волонтерите ширум светот.

Овој ден, посочуваат, е можност да се истакне важноста на волонтерството како двигател на позитивни промени во општеството. Волонтерите се срцето на заедниците – тие работат несебично за да помогнат каде што е најпотребно, внесувајќи надеж и солидарност. Нивната посветеност не само што ги подобрува животите на поединците и заедниците, туку придонесува и за глобални цели како што се правдата, еднаквоста и одржливиот развој.

Оваа година, го одбележуваме Светскиот ден на волонтерството под мотото: „Во заштита на хуманоста“, потсетувајќи нè дека преку здружена акција и солидарност можеме да создадеме поинклузивен и праведен свет. Им оддаваме благодарност на сите волонтери за нивната инспиративна работа и ги охрабруваме сите да се приклучат кон волонтерски иницијативи. Волонтирањето не е само придонес кон заедницата, туку и начин да растеме како индивидуи, стекнувајќи нови искуства, пријателства и вредности, наведуваат од републичкиот Црвен крст. 

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Велосипедистот кој беше усмртен денеска во Скопје е познат директор