Утрински Весник
Македонија

Одбележани 82 години од стрелањето на дванаесеттмината младинци во Ваташа

20250616115839 big 730x400 82.webp.webp

Днеска во месноста Моклиште во кавадаречкото село Ваташа беа одбележани оумдесет и две  години од стрелањето на 12 младинци, за време на Втората светска војна.

Свежо цвеќе беше положено пред споменикот и бистите на младите луѓе.


– Тие беа млади – со соништа, со љубови, со живот пред себе. Но, во мигот кога слободата беше задушена, тие не молчеа. Не се скрија. Се исправија. Се издигнаа. Со голи раце, но со огнени срца, го избраа отпорот наместо покорот. Правдата наместо стравот. Македонија – наместо себеси, рече меѓу другото, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тие беа обични момчиња, истакна тој, а станаа вечни херои.

– Никогаш нема да дозволиме да бидат заборавени, подвлече градоначалникот.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова