Утрински Весник
Македонија

Од викендов редовна линија Тетово – Попова Шапка – Тетово

Mkdski popova sapka 1

Општина Тетово ги известува сите граѓани и туристи кои сакаат да ја посетат Попова Шапка, дека од овој викенд ќе започне со работа редовната линија за јавен превоз во правец „Тетово – Попова Шапка – Тетово“. -Оваа линија ќе биде во функција секоја сабота и недела. Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ – Тетово, со што граѓаните ќе можат полесно да патуваат до овој туристички центар. Оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец. Ајде да уживаме заедно во убавините на зимскиот центар. Секогаш сме на услуга на граѓаните!, велат од општината.

 

Можете да прочитате

„Не смееш ни да се разболиш“ – Атовска за суровата реалност на военото известување

Земјотрес ја стресе Албанија, се почувствува и во Македонија!

Пожар кај велешката болница: Брза интервенција спречи ширење на огнот