Утрински Весник
Македонија

Од утре силен ветер, пороен дожд и грмежи, в четврток значително пониски температури

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Од утре се очекува промена на времето. Како што најавува УХМР, во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, но ќе дува засилен југозападен ветер, на повеќе места и над 60 километри на час. Потоа, кон крајот на денот, поради спуштање постудена воздушна маса од север, ќе почне да дува засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

dobivaj vesti na viber

Според УХМР, силен северен ветер ќе продолжи да дува и в четврток кога се очекува значително да се намали дневната температура за десетина степени. Ќе има услови и за слаб локален дожд.

Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

Затворени гласачките места во Брвеница

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти

Приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана