Утрински Весник
Македонија

Од утре почнува вакцинација против сезонски грип

Vakcina.jpg

Од утре стартува вакцинацијата против сезонски грип, соопшти Министерството за здравство.

Oттаму, информираа дека обезбедиле 70 илјади бесплатни вакцини.

Досега на интернет-порталот vakcinacija.mk за вакцинација против сезонски грип се пријавиле околу 33.000 граѓани.

Toa, според здравствените власти, покажува зголемена свест за значењето на вакцината во заштитата на јавното здравје.

Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации низ државата.

Во Скопје заинтересираните граѓани ќе можат да се вакцинираат во пет установи:

Центарот за јавно здравје, поликлиниките Букурешт, Бит Пазар и Идадија, додека здравствените работници ќе може да се вакцинираат и во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Со бесплатната вакцинација се опфатени различни групи на население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.

И годинава се набавени комерцијални вакцини против грип за заинтересираните граѓани кои не влегуваат во ризичните групи.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија