
На денешното второ рочиште за пожарот во дискотеката Пулс, одбраната на дел од обвинетите изнесоа силни забелешки кон Обвинителството.
Адвокатката Сузана Јошевска до судијката се пожали дека доказна документација е целосно несредена и хаотична
Според неа документите се добиени во електронска форма превртени наопаку кои не можат да се ротираат.
Истите не биле нумерирани ниту именувани. Именувани биле само фолдерите но и тие не биле средени а како пример наведе случај каде документ со исказ на сведок се нашол во фолдер насловен како градежна документација.
Адвокатката на обвинетиот Михаил Јованов пак, до судот предложи нови девет сведоци
Нејзината забелешка исто се однесуваше на доказната документација, но и на фактот што во првичното обвинение биле предложени 283 сведоци, а во пречистениот текст списокот бил сведен само на 25 лица.
Во продолжение на рочиштето се очекува изјаснување за вината на обвинетите лица.

