
Подгответе се за вистинско пролетно променливо време за претстојните празнични денови, кое ќе ни донесе комбинација од сонце, ветер и дожд.
Велигденската недела на 12 април ќе биде најтоплиот ден од претстојниот период, со максимална температура до 23°C и сончево време проследено со ветер.
Сепак, веќе од понеделник се очекува промена на временската состојба, кога температурите благо ќе опаднат на 18°C и ќе започнат врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на наредниот ден.
Празничниот период ќе заврши со нестабилно време во среда, кога се очекуваат поинтензивни врнежи со грмежи и дополнително спуштање на дневната температура до 15°C.

