Утрински Весник
Македонија

Од Ресен до Скопје – пратеник со 13.200 евра патни трошоци за една година

Sobranie.webp.webp

Од почетокот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, 65 пратеници добиле надомест за патни трошоци во вкупна вредност од 18,6 милиони денари, односно околу 303.320 евра. Највисоката исплатена сума на еден пратеник достигнува околу 13.200 евра, што е во просек по 1.000 евра месечно.

Според податоците што „Радио Слободна Европа“ ги добило преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, исплатените средства се однесуваат на периодот од 28 мај 2024 до 30 јуни 2025 година. Од вкупниот износ, 26.717 евра се за патарини, а 276.603 евра за гориво.


Најмногу средства се исплаќаат на пратениците кои живеат најдалеку од Скопје. На врвот на листата е Кире Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ од Ресен, кој добил околу 13.200 евра. По него следи неговиот сопартиец од Прилеп, Петар Ристески, со околу 12.000 евра. Координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку од Струга, добил околу 10.800 евра, а пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, исто од Струга, околу 10.000 евра.

Покрај тоа, девет пратеници искористиле право на изнајмување стан во Скопје, за што биле исплатени дополнителни 44.522 евра, при што највисокиот месечен надоместок за кирија изнесувал 400 евра.

Можете да прочитате

ВЛЕН ја потврди кандидатурата на Касами во Тетово и Меџити во Чаир

ЈПДП: Девет фирми поканети да достават понуда за изградба на автопатот Букојчани-Кичево

ВМРО-ДПМНЕ за Ралев: Ако СДСМ ве мрази значи дека нешто вредите