Утрински Весник
Македонија

Од први јули забрана за движење во шуми, казни до 2000 евра

Suma selecka.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите –  ЈП „Национални шуми” и  Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја,  даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2026 година и ќе трае се до  31.08.2026 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми”  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои  управуваат.


За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Можете да прочитате

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност