Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 18.3.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,561 %, кај дизелот 1,568 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е 1,974 % и кај „мазутот“ зголемувањето е 2,307 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,305 %.
Од 23.3.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 85,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 43,797 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V), екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.