Утрински Весник
Македонија

Од полноќ посериозно намалување на цените на дел од горивата

Gorivo1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика објави нови малопродажни цени на горивата, со намалување на цените на бензините, додека дизелот и другите нафтени деривати остануваат непроменети.

Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари по литар, достигнувајќи 75,00 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 2,00 денари по литар, со што неговата нова цена изнесува 77,50 денари за литар.


Од друга страна, цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и мазутот М-1 НС остануваат непроменети во однос на претходната одлука од 6 март 2025 година. Така, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе се продава по 72,00 денари за литар.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

Списанието Archaeology Magazine објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија

Зајкова: Ако државата не може да ги заштити граѓаните што пријавуваат семејно насилство, тогаш имаме опасен систем