Утрински Весник
Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на одлуката од 28.10.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,870%, кај дизелот намалување за 1,202%, кај екстра лесното масло намалување за 0,228% и кај мазутот зголемување е за 2,506%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,584 ден/кг и сега ќе изнесува 50,067 ден/кг.

Од 1.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,387%.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот