Утрински Весник
Економија

Од полноќ нови цени на бензинот и дизелот

Се зголемува цената на бензинот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 03.8.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините за 2,452%, кај дизелот зголемување за 1,731%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,060% и кај мазутот зголемувањето е за 1,528%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,512%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,760 ден/кг и сега ќе изнесува 45,791 ден/кг.

Од 8.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,791 (денари/килограм)

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.8.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен