Утрински Весник
Македонија

Гостин на свадба во Охрид испукал неколку куршуми, двајца повредени

Гостин на свадба во Охрид испукал неколку куршуми, двајца повредени

На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино“ во Охрид, К.Б.(60) од Охрид, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиометри.

dobivaj vesti na viber

Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што од К.Б. одзедоа пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер“, ловечка пушка „Бајкал“ и дозвола за оружјето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Можете да прочитате

Вчера уапсени шест возачи низ државата

И во сабота ќе може да се вади полномошно за патување на малолетници во странство

Пијан маж во Дебар возел без возачка, направил сообраќајка па нападнал полицајци