
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69%во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Во пракса тоа значи дека бензините поскапуваат за еден денар по литар додека дизелот ја задржува актуелната цена.
Од полноќ ќе важат следните цени: ЕУРОСУПЕР БС-95 73,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 75,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 68,00 ден/лит.

