Утрински Весник
Балкан

Од огномет и пиротехнички средства од јахта, предизвикан пожар на грчкиот остров Идра

20240622144936 Big 730x400 46.webp.webp

Голем пожар во борова шума беше предизвикан доцна синоќа на грчкиот остров Идра од огномет и пиротехнички средства испукани од приватна јахта, пожар што веќе е локализиран, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, постоела пријава од капетан на соседен брод дека од огнометот од конкретната јахта бил предизвикан пожарот, а од претпладнево во тек е прелиминарна истрага на противпожарната служба на Грција.

Јахтата е закотвена во морскиот дел во близина на Атина, според истите информации, ја изнајмиле група од 17 странски државјани кои денеска ќе дадат исказ.

Градоначалникот на Идра Јоргос Кукудакис, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ изрази огорченост од фактот што „некои луѓе толку неодговорно фрлаат огномет во борова шума“.

Можете да прочитате

Камионџии во Босна и Херцеговина се обидоа да ги блокираат границите, но полицијата ги запре

Криза со гориво во Хрватска – Бензинските станици се затвораат

Што се случува со интернетот во Москва? – Путин подготвува пресметка, учи од Кина и Иран