Утрински Весник
Македонија

Од летово граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без работни дозволи

Од летово граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без работни дозволи

Од летово граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. Ова го објави премиерот на Македонија Димитар Ковачевски на социјалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Меѓународниот Саем за вино „Винитали“ кој деновиве се одржува во Верона, Италија, е уште една одлична можност заедно со моите пријатели, претседателот на Србија, Aleksandar Vučić и премиерот на Албанија, Edi Rama, да се сретнеме и да ги размениме нашите ставови за Отворен Балкан. Драго ми е што заеднички можеме да најавиме дека од летово оваа година можноста за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните од трите земји станува реалност. Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, пишува Ковачевски.

Спореде него Отворен Балкан носи отворени можности за сите  бидејќи заеднички се развива регионот по европски стандарди.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец