Утрински Весник
Македонија

Одѕивот на Претседателските избори во Амбасадата во Брисел до 17 часот 39 отсто  

Izbori.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вo вториот круг од Претседателските избори на гласачкото место број 5003 во Амбасадата на Република Северна Македонија во Брисел до 17 часот гласаа 36 од вкупно 93-та македонски државјани кои се регистрирале за гласање, што претставува излезност од речиси 39 отсто.

Како што изјави претседателот на Избирачкиот одбор на ова гласачко место, Леонард Марку, гласањето започна на време во 7 часот и во текот на денот не се забележани никакви неправилности и нерегуларности.

– Се очекува по 17 часот, кога завршува работното време на повеќето вработени во Белгија, да има и поголема излезност на регистрираните гласачи, додаде Марку.

Инаку, со излезност од речиси 39 отсто, Амбасадата во Брисел е едно од дипломатско-конзуларните мисии со најголем одѕив на гласачите во вториот круг на Претседателските избори.

На избирачкото место во Амбасадата во Брисел гласаат македонски државјани кои живеат и работат во Белгија и Луксембург. Тие гласаат само на Претседателските, но не и на Парламентраните избори поради малиот број на граѓани кои пројавија интерес за гласање.

Можете да прочитате

Тешко повреден 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, со трактор излетал од патот

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот

Гиновска: 1700 инспекциски надзори за амбиентален воздух во 2025, утврдени 398 неправилности