Утрински Весник
Македонија

Од денеска уверение за државјанство ќе се вади во секое време преку uslugi.gov.mk

Drzavjanstvo.jpg

Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

-Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во Министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како Министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата, истакна министерот Тошковски.


Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од Министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.

Тошковски потенцираше дека се Министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.

Можете да прочитате

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Ведро, особено на планините и Скијачките центри, магливо по котлините!

Вечерва нова забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка