Утрински Весник
Македонија

Од денеска ригорозни контроли во маркети и други трговски објекти, најави Мицкоски

1729672351 Market.webp.webp

Од денеска почнуваат ригорозни контроли во маркети и во други трговски објекти, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој утрово, како што соопшти, имал координација со министерот за економија и труд, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата и директорот на Државниот пазарен инспекторат.

– Договоривме чекори кои ќе се случат, почнувајќи од денеска. На вчeрашната прес-конференција од ваши колеги беа потенцирани два ланца маркети кои можеби прават одредени изигрувања на законите и процедурите. Денеска тие ќе подлежат на ригорзна контрола и во деновите што следат. Според информациите со кои располагаме, имаме отприлика околу 20 000 коминтенти по ланец суперакети и ќе треба длабоко да се навлезе за да видиме дали постојат вакви индиции. Но, истовремено и други трговски објекти ќе подлежат на ваков тип контроли зашто стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме се како Влада за да го заштитиме – изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.


Во зголемувањето на цените кај одредени маркети, Владата, рече премиерот, гледа напад врз стандардот на граѓаните.

– Сите треба да знаат дека сме сериозни и овој напад го сфаќаме како напад врз стандардот на граѓаните, а Владата има право и обврска да го шити јавниот и интересот на граѓаните – подвлече Мицкоски.

Тој вчера го поддржа најавениот бојкот од страна на на маркетите најавен за в петок, нагласувајќи дека „од почеток зборува за поединци во овој бизнис кои шпекулативно сакаат да профитираат“.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ бара најстрога казна за возачот кој ја усмрти Фросина и повикува институциите да постапуваат според закон

ВМРО-ДПМНЕ бара на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска

Изет Меџити: Србија е полудемократски режим