Утрински Весник
Македонија

Од денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај во понеделник и вторник во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска, од 18 часот, поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 4.2.2023 (сабота) во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Притоа, од денеска за сообраќај ќе биде затворена улицата Самуилова, на потегот од улицата Иљо Војвода (вијадукт Самуилова) до крстосницата со улицата Прохор Пчињски, а на 4.2.2023 година (сабота) посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на улицата Лазар Личеновски и на улицата Самуилова.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух 

УХМР: Снег во идните денови

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид