Утрински Весник
Македонија

Од денеска автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка и назад

20240125121935 Big 730x400 56

Граѓаните кои сакаат да ја посетат Попова Шапка од денес ќе имаат можност да ја користат нововоспоставената автобуска линија која тргнува од Тетово. До скијачкиот центар досега немаше редовна автобуска линија. Општина Тетово воведува превоз во сабота и недела и повратен билет за едно лице ќе чини 200 денари.

-Општина Тетово ги известува сите граѓани и туристи кои сакаат да ја посетат Попова Шапка, дека од овој викенд ќе започне со работа редовната линија за јавен превоз во правец „Тетово – Попова Шапка – Тетово“.Оваа линија ќе биде во функција секоја сабота и недела. Оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец. Ајде да уживаме заедно во убавините на зимскиот центар. Секогаш сме на услуга на граѓаните, се вели во соопштението од Канцеларија за комуникации и односи со јавноста на Општина Тетово.

Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ – Тетово.Од Тетово кон Попова Шапка автобуси ќе тргнуваат во 08:30, 11:00, 14:00 и 17:00 часот, додека за назад кон градот еден час подоца од овие термини.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме