Утрински Весник
Скопје

Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат

Sloboda Prevoz Avtobusi.jpg

Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат по градските улици. Илир Исени од Советот на приватни превозници, најави дека од денеска целосно ќе престанат да сообраќаат приватните автобуси, пренесува ТВ21.

Како причина се посочува што претседавачот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, не го стави на дневен ред нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Од денеска нема да сообраќаат линиите на приватните превозници со броевите 9, 11, 11а, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 52, 54, 61, 63 и 73.

Можете да прочитате

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 5 години неработење во Аеродром

Пензионерската патека на Средно Водно доби едукативно-информативни табли

Ѓорѓиевски: По децении чекање, почнува реконструкцијата на „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба