Утрински Весник
Македонија

Од денес потопло преку ден – До крајот на овој месец нема нови обилни врнежи од снег!

Ecm1 144 660x330 1

Метео анализа на Славчо Поповски:

До крајот на оваа недела во Македонија повремено облачноста ќе се зголемува, но ќе има и сончеви периоди, а ќе има и услови за повремени локални и сосема слаби врнежи од дожд  и од снег. Снег особено ќе провејува на планините и на Скијачките центри.

До крајот на оваа недела, особено долж Повардарието и во источните предели ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец (повремено собрзина од над 60 км/час).

Наутро температурите остануваат под нулата, и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен,  а преку денот студот ќе попушти, што значи дека температурите ќе се движат во интервалот од 3 до 13 степени.

Во Скопје и околината очекуваме случно време. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и -1 степен,  а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 11 степени.

Некои нови обилни врнежи од снег до самиот крај на овој месец не очекуваме.

Можете да прочитате

Со возило удрен пешак во Дебар, се здобил со тешки телесни повреди

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада

Загина 34-годишен возач од виничко, излетал од патот кон Берово