Утрински Весник
Македонија

Од денес (понеделник) до (четврток) многу повеќе сонце, од петок 20 декември нов влажен и ладен воздушен бран од север!

T2m 072 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во периодот од денес (понеделник 16 Декември, до четврток 19 Декември) во Македонија следува период на стабилно, суво и многу посончево време. Денес (понеделник) ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.


Наутро ќе биде студено со ниски температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, а особено на високите места и на планините тие во почетокот на оваа седмица ќе се спуштаат близу -10 степени, постои можност тие во споменатите места локално да се спуштат и под -10 степени, особено на оние поголеми надморски височини.

Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на пораст, особено од утре (вторник) до четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Сепак, од (утре) вторник до четврток по котлините особено наутро и претпладне, и повторно во ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, па токму во споменатите места температурата преку ден ќе остане пониска.

Нова голема промена на времето како што најавив следува од петок (20 Декември) па натаму кога ќе бидеме под влијание на нов ладен и влажен воздушен бран кој ќе услови нови пообилни врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување на постојаната снежна покривка на планините  и на скијачките центри. Одсега гледано, овој ладен бран ќе донесе повремен снег и во пониските места. Сепак, конечна  и официјална анализа околу оваа нова голема промена на времето од петок 20 Декември следува во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Рускоска: Груби направи голема грешка, ако останеше тука, немаше да има опасност од притвор

„Како е можно дете од седум месеци да го снема за пет дена?“ – Таткото на починато бебе бара одговори од Детската клиника

Обвинителството му нареди на МВР да распише потерница по Груби и Бајрами