Утрински Весник
Македонија

Од 45 до 500 евра изнесуваат казните преку „Безбеден град“

Safe city.jpg

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамки на проектот „Безбеден град“ продолжуваат засилените контроли и санкционирањето на сообраќајните прекршоци преку автоматскиот систем за надзор. Оттаму наведуваат дека мерките се насочени кон зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Според податоците од МВР, преку системот се санкционираат повеќе видови прекршоци:

Пречекорување на брзината во населено место, каде глоби се движат од 15 до 300 евра, а за најтешките прекршоци следи и забрана за управување од три до дванаесет месеци. Надвор од населено место, глобите за прекумерна брзина се утврдени од 20 до 300 евра, со истата мерка на одземање на правото за управување.

За поминување на црвено светло е пропишана глоба од 250 евра и забрана за управување моторно возило во траење од три до дванаесет месеци.

Системот санкционира и непрописно паркирање, при што казните варираат од 25 до 180 евра во зависност од тежината и локацијата на прекршокот, како и учество во сообраќај со нерегистрирано возило, за што глобата изнесува 500 евра, односно 100 евра ако сообраќајната дозвола е истечена до 30 дена.

Од МВР потсетуваат дека доколку глобата се плати во рок од осум дена, казната се намалува за 50 проценти, а во случаи кога е изречена и забрана за управување, таа се определува во половина од пропишаниот рок.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Мицкоски и Филипче е небо и земја, не ја научија лекцијата предавана од народот

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани

СДСМ: Си кажа ВМРО за часовниците вредни 150 плати – приватен бизис на Мицкоски