Утрински Весник
Македонија

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

Carina.webp.webp

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Царинскиот закон за тарифите што е веќе во владина процедура и кој ќе опфати над 70 тарифни броеви, беше една од темите на денешната средба на Димитриеска Кочоска со претседателот на Комората Бранко Азески.


– На средбата денеска најмногу се задржавме на царинскиот закон за тарифите што веќе влезе во владина процедура и според кој, на над 70 тарифни броеви ќе им се намалат царинските тарифи за 50 отсто, но помеѓу она што значи стапка во ЕУ и повисоката стапка кај нас. Значи, двапати ќе ги намалуваме тарифите додека не ги усогласиме со ЕУ. Првото намалување за 50 отсто ќе почне од 1 јули 2025 година и мислам дека ќе значи и поддршка за компаниите да произведуваат и извезуваат повеќе, да им овозможиме фер услови во однос на европските – потенцира министерката.

Можете да прочитате

Директор на „Комуналец“ во Кичево отворил дива депонија, МВР поднесе кривична пријава

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува Регулаторна место советите на општините

Костовски: За Кочани мора да има правда, без заштита на блиските до власта