Утрински Весник
Свет

Очевидци раскажуваат за монструмот што си ја застрела поранешната партнерка

Очевидци раскажуваат за монструмот што си ја застрела поранешната партнерка

Полицијата во Пирот денеска го уапси М.М.(55) под сомнение дека во центарот на тој град, среде пешачка зона, ја убил поранешната партнерка С.М.(47).

dobivaj vesti na viber

Според очевидци, во еден момент се слушнал само истрел, а во следниот момент  С.М само паднала врз гајбите каде купувала овошје.

“Таа дојде на шалтер пред продавница и почна да избира овошје. Беше на половина метар од мене. Во тој момент разговараше со некој на телефон и ја праша што да купи. Во еден момент слушнав пукање, страшно. Ја видов, лежеше во локва крв. Ја застрелаа во главата. Монструмот пукаше во нејзината глава одзади“, изјави очевидецот Светомир Јовановиќ.

М.М. сам се пријавил во полиција, а според неофицијални информации, го предал оружјето со кое го извршил убиството. Со прострелна рана во главата се здобила С.М., кој починала на лице место.

 

Можете да прочитате

Спречен заговор за убиство на Орбан

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа