Утрински Весник
Македонија

ОЧЕКУВАМЕ НОВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА: Во текот на оваа седмица можно е ново невреме во Македонија, температурите позначително ќе опаднат

Download 2.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани, во текот на оваа нова работна седмица во Македонија особено во попладневните  и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. И во делови од Скопската котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можна е и појава на невреме. Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие за разлика од изминатите денови, секојдневно ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, а позначително ќе опаднат кон крајот на оваа работна седмица и тие ќе бидат потпросечни за месец јули и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека наутро тие ќе се спуштаат во интевалот помеѓу 10 и 19 степени.

Можете да прочитате

Намалено нивото на реката Вардар, во моментот нема опасност од излевање

Силниот ветер го однесе кровот на средно училиште во Гевгелија

Панчевски најави кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители