Утрински Весник
Балкан

Обвинителството во Нови Сад: Сослушани вкупно 48 лица, денеска уште петмина

Urivanje Zid Novi Sad.jpg

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, во врска со трагедијата на 1 ноември кога се урна бетонска настрешница од зградата на железничката станица во тој град, во изминатите три дена сослуша вкупно 48 лица, а денеска е побарано сослушување на уште пет луѓе.

Во тој период, од повеќе различни институции, правни и физички лица, одземена е соодветна документација, чија детална анализа е во тек, а наредено е и потребното вештачење за утврдување на причината за уривањето на настрешницата, пропустите кои довеле до истото, како и одговорностите на лицата, беше соопштено од обвинителството.

По увидот, местото на настанот е расчистено, со оглед дека се работи за јавна површина, а заради обезбедување докази градежните остатоци од урнатата настрешница по барање на јавен обвинител се преместени на безбедна локација каде се под континуираниот надзор на службениците на Полициската управа во Нови Сад.

Пристапот до таа локација е забранет, освен со претходно одобрение на обвинителството.

Можете да прочитате

Половина тело му беше надвор од авионот – потресно сведоштво по хоророт во летот на „Рајанер“

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе

Партијата на Македонците и  другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање