Утрински Весник
Македонија

Обвинителство оформи предмет за Груби и судијата Беџети

Obvinitelstvo 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Оформен е предмет  за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД, информира државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Како што информира Коцевски денеска, предметот е доставен на постапување на надлежно обвинителство кое ќе издаде соодветни наредби до институциите за откривање на кривичните дела.


„Со оглед на сериозноста на наводите поради кои наведените лица беа назначени на листата, ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет со цел да се обидеме да обезбедиме докази со кои ќе ја провериме евентуалната кривична одговорност на лицата кои се доведуваат во врска со дејства на поткуп и трговија со влијание, истакна Коцевски на брифинг со новинарите.

Коцевски додаде дека соработката на Обвинителството со стратешките партнери од САД и особено со Амбасадата на САД е на одлично ниво.

Стејт департментот во понеделникот ги стави на „црна листа” поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети.

Можете да прочитате

Кривична пријава за изборен поткуп за екс градоначалникот на Крушево

Тешко повреден рудар од Пробиштип

СДСМ: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината