Утрински Весник
Македонија

Обвинителство истражува дали трето лице им помагало на Груби и Беџети да застари предметот на Мијалков

Obvinitelstvo 1.jpeg

Обвинителството почнало предистрага за поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети за случајот за кој двајцата се најдоа на црната листа на Соединетите Американски Држави.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во предистражната постапка се истражува и дали во случајот со ставање во фиока на предметите на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков учествувало и трето лице.


-Сѐ уште се работи за предистрага, се прибираат докази. Така што и во тој предмет ќе биде јавноста известена. Во моментов оние дејствија коишто се преземени од наша страна, јавноста е известена. Заедно со тој предмет што се однесува  и на судијата, и за Артан Груби и евентуално за потенцијален друг сторител се води предистражан постапка, рече Коцевски.

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка