Утрински Весник
Свет

Обвинителот од Џорџија се откажа од кривичната постапка против Трамп

Tramp.webp.webp

Обвинителот од Џорџија, Пит Скандалакис, се откажа од кривичната постапка против американскиот претседател Доналд Трамп во случајот на наводно мешање во изборите во 2020 година. 

Toj поднесе барање за отфрлање на обвинението во кое се обвинуваат Трамп и неговите соработници за заговор за поништување на резултатите од изборите во таа федерална држава, пишува Би-Би-Си.

Со овa се заврши и последниот преостанат кривичен случај против Трамп за изборите во 2020 година. 

Случајот првично го покрена окружната обвинителка Фани Вилис, но таа беше отстранета од него со одлука на Врховниот суд на Џорџија откако се најде во центарот на личен скандал.

Можете да прочитате

Руски балистички напади врз Киев, Украина со дронови нападна цели на руска територија

Минатата година е една од најсушните во последните децении

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните