Утрински Весник
Спорт

Облак: Ако не, следниот пат да почнеме со 10 играчи на „Бернабеу“

Облак: Ако не, следниот пат да почнеме со 10 играчи на „Бернабеу“

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак беше крајно разочаран од 1:1 ремито со Реал Мадрид во бурното градско дерби во саботата, откако петти пат во ова дерби, „јорганџиите“ играа со 10 играчи по црвениот картон на Анхел Кореа за ударот со лакт кон Антонио Ридигер.

dobivaj vesti na viber

Атлетико Мадрид беа бесни од одлуката на судијата Хил Манзано, откако Диего Симеоне посочи дека „секогаш“ судиите и ВАР се во корист на Реал, додека Облак даде интересн изјав.

„Чувството е дека имаме еден поен, а требаш да имаме три. Игравме со 10 играчи подолг време, и изгледа дека секогаш играме со 10 играчи против нив. Сите ги видоа снимките и имаат свое мислење. Последни пет дербија со црвен картон, можеби следниот пат ќе стартуваме со 10 играчи за да им олесниме. Се надевам дека нема да има голема дискусија за ова, туку само за фудбалот, но кога се случуваат вака чудни одлуки…“, изјави Облак.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина