Утрински Весник
Македонија

Облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h

Vreme.webp.webp

Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²).

Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.


Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на циклонска активност утре и во четврток ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (утре над 20 l/m², а во четврток над 30 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Утре и во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

Можете да прочитате

Сопственик на угостителски објект во Куманово уценуван од поранешна вработена со помош на друго лице

Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Уапсени две лица поради бегство од затвор, претходно осудени поради „тешка кражба“