Утрински Весник
Македонија

Обилните врнежи предизвикаа поплави и свлечишта во источниот регион

Dozd.jpg

Обилните врнежи од дожд што го зафатија источниот дел на земјата во изминатите денови утрово предизвикаа поплавени простории и дворови на повеќе локации во Општина Чешиново-Облешево, меѓу кои и во селата Чешиново, Облешево и Чифлик, информира Центарот за управување со кризи.

Според податоците добиени од градоначалникот, локалната самоуправа со сите расположливи ресурси работи на терен. Во интервенциите се вклучени и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и Регионалниот центар за управување со кризи – Кочани. Побарана е и дополнителна опрема, особено за испумпување вода од поплавените објекти. Поради интензивните врнежи, водостојот на реките Брегалница и Кочанска река е значително зголемен, а на неколку точки во општините Штип и Чешиново-Облешево е забележано нивно излевање од коритата.

Неповолните временски услови утрово предизвикаа и свлечишта на експресниот пат Радовиш–Штип, како и на патниот правец Злетово – брана Кнежево. ЦУК веднаш го извести ЈП Македонија пат, чиј екипи излегоа на терен и интервенираа. Свлечиште е пријавено и во липковското село Липково, на локацијата Кисела Вода. Оттаму информираат дека општината располага со ограничени ресурси за справување со вакви ситуации, па поради сериозноста на состојбата побарана е поддршка од државните институции.

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?