
Денеска бевме на судење за медицинскиот предмет Онкологија, во кој се сослушуваа законските застапници на оштетените. Сметам дека повикувањето на вакви сведоци во постапката е нецелисходно, меѓутоа, тоа е единствениот начин на Јавното обвинителство да прикаже што било во оваа постапка, изјави адвокатот Никола Ставрев, кој е бранител на првообвинетиот во случајот Онкологија, Нино Васев, по судското рочиште, објави Плус Инфо.
На денешното рочиште во Кривичниот суд беа сослушувани сведоци на Обвинителството.
Ставрев вели дека медицинските докази кои Обвинителството ги приложува во постапката се вештачења направени во Словенија од вешто лице кое во суштина не било вешто лице туку „обичен доктор онколог“.
– Мислам дека сте запознати дека докази немаат. Она што го прилагаат како медицински доказ е всушност вештачење од Словенија кое е направено од вешто лице, кое во суштина, не е вешто лице, туку обичен доктор онколог. Во врска со стручноста, не е квалификуван да дава наводи во судска постапка – рече Ставрев.
На новинарско прашање поврзано со денешните сведочења дека од терапијата што Васев им ја давал на пациентите им се влошувала здравствената состојба, Ставрев кусо одговори:
– Сметам дека тоа не е точно и дека на тоа се наведени од Јавното обвинителство – рече тој.
Извор: Плус Инфо