Утрински Весник
Скопје

Обезбедено специјално возило за потребите на Противпожарната бригада од Скопје

696005376 1518342129919071 2791398597619635120 n.jpg

Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции. Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за пожари со висок интензитет.

Од Град Скопје посочуваат дека оваа вредна донација од општествено одговорна компанија значително ќе ги зајакне капацитетите на скопските пожарникари за брза, ефикасна и професионална интервенција на терен. Воедно, најавуваат продолжување на инвестициите во модернизација на Противпожарната бригада, со цел поголема безбедност и подобра заштита на граѓаните и нивниот имот.


Можете да прочитате

Центар обезбеди 2 милиони денари за субвенции, повик до младите да аплицираат за возачка дозвола

СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по повлекувањето на Лукровски

ГРОМ бара вонредна седница на Советот во Карпош