Утрински Весник
Македонија

Обезбедена донација за вода: Итни интервенции утре на Клиника сепак ќе има

Klinicki Centar 800x600 1.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари во врска со тоа што Скопје утре ќе има прекин во водоснабдувањето, изјави и увери дека Клинички центар комплетно ќе биде покриен.

Веќе обезбедивме донација од вода. Клинички центар комплетно ќе биде покриен. Ќе се обидеме да се редуцираат нормално интервенциите, меѓутоа тоа што е неопходно, веќе комплетно Клиничкиот центар, а се надевам и другите болници во Скопје, тие што ќе бидат опфатени со редукција на вода, ќе бидат покриени и веќе имаме донација, одговори министерот на новинарско прашање.


По најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечер во поголем дел од градот, од ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за МИА информираа дека најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено.

Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева во изјава за МИА рече дека во соработка со Службата за општи и заеднички работи при клиниките, во тек се подготвителни активности за непречено функционирање на клиниката ТОАРИЛУЦ, во однос на состојбата при прекинот на снабдувањето со вода.

Можете да прочитате

(Видео) Мечкa претура по контејнери во општина Марвово и Ростуше

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава