Утрински Весник
Свет

Објавено името и фотографија на убиениот маж што се обиде вооружен да влезе на имотот на Трамп во Флорида

20260222192804 big 730x400 25.webp.webp

Американските медиуми објавија фотографија од маж за кој постои сомневање дека денеска влегол со оружје во комплексот Мар-а-Лаго во Флорида, сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, поради што беше застрелан од припадници на Тајната служба.

Според американските медиуми, станува збор за 21-годишниот Остин Такер Мартин од Северна Каролина.


Неговото семејство претходно го пријавило како исчезнат.  Фотографијата е од објава за исчезнато лице што семејството ја споделило пред неколку дена.

Властите соопштија дека вооружениот напаѓач можеби допатувал од Северна Каролина. Тој беше застрелан и убиен од агенти на Тајната служба откако го кренал оружјето во „позиција за пукање“.

Локалната полиција одби да коментира за Ен Би Си Њуз дали Мартин сè уште се смета за исчезнато лице.

Според јавно достапните податоци, Мартин нема криминално досие. Јавните записи, исто така, покажуваат дека тој е регистриран гласач кој гласал на општите избори во 2024 година.

Можете да прочитате

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор

Бразил не сака нова Студена војна, изјави претседателот Лула да Силва

Хили: Распоредувањето британски војници во Украина би значело крај на војната